Русија сака да тргува со Украина и со ЕУ

22.12.2015 17:10

Путин минатата недела потпиша декрет со кој од 1-ви јануари 2016 се суспендира договорот за зона на слободна трговија со Украина, а како причина ги наведе вонредните околности кои ги погодуваат интересите и економската безбедност на Русија...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија и натаму ќе се труди да ги израмни несогласувањата во трговските односи со Европската Унија и со Украина за да се нормализираат односите меѓу партнерите.

Путин минатата недела потпиша декрет со кој од 1-ви јануари 2016 се суспендира договорот за зона на слободна трговија со Украина, а како причина ги наведе вонредните околности кои ги погодуваат интересите и економската безбедност на Русија.

Украина и ЕУ од 1 јануари ќе почнат да применуваат билатерален договор за трговија.