Промовирана публикацијата „Симболите на Македонија“
Станува збор за една исклучително значајна, раритетна публикација која е дел од богатата Годишна програма на Министерството за култура и која се занимава со хералдиката не како помошна историска дисциплина, туку како самостојна мултидисциплинарна наука...

Промовирана е капиталната публикација „Симболите на Македонија“. Во делото на Јован Јоновски се откриваат хералдичките обележја, кои го дефинираат идентитетот на македонскиот народ.
Станува збор за една исклучително значајна, раритетна публикација која е дел од богатата Годишна програма на Министерството за култура и која се занимава со хералдиката не како помошна историска дисциплина, туку како самостојна мултидисциплинарна наука.
Преку овој вреден авторски труд сите ние се навраќаме на богатото минато на македонскиот народ и го потврдуваме историскиот континуитет на употребата на нашето древно име, Македонија. Ова е дело чија вредност ќе се зголемува со секоја нова генерација, дело кое илустрирајќи ја вистината за македонската држава, ќе ја едуцира младата македонска популација за нејзините корени, за историските традиции, за минатото кое е сигурен патоказ кон иднината, рече министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во обраќањето на промоцијата.
