Продолжува собраниската расправа за топлификација на Битола

23.12.2015 10:47

Ова е значаен проект за граѓаните на битола и пошироко, смета вицепремиерот и министер за финансии Ставрески...

Во Собранието треба да продолжи расправата по предлог - законот за гаранција на Македонија на обврските по договорот за заем за финансирање на проектот топлификација на Битола што ќе се склучи меѓу кредитната банка за обнова КФВ и ЕЛЕМ.

Ова е значаен проект за граѓаните на битола и пошироко, смета вицепремиерот и министер за финансии Ставрески. За реализација на првата фаза ќе се инвестираат 39 милиони евра, кои германската влада ги обезбеди преку КФВ банката и уште седум и пол милиони евра од А.Д. ЕЛЕМ.

Рокот на отплата ќе биде 15 години со грејс период од четири години.