Хрватска денеска мора да добие мандатар

23.12.2015 10:59

Попладне ќе биде одржан последниот, петти круг од консултациите на коалицијата Хрватска расте и Мост...

Хрватска до вечерва мора да добие мандатар на новата влада или ќе има нови избори, порача претседателката Колинда Грабар Китаровиќ.

Попладне ќе биде одржан последниот, петти круг од консултациите на коалицијата Хрватска расте и Мост, а во најава е дека за премиерската функција ќе биде избрана непартиска личност.