Ирачките сили во офанзива за ослободување на Рамади од ИД
23.12.2015 11:02
Специјалците ги чистат џихадистите улица по улица, соочувајќи се со снајперисти и бомбаши-самоубијци...

Ирачките сили влегоа во центарот на Рамади во вториот ден од офанзивата за ослободување на градот од Исламска Држава.
Специјалците ги чистат џихадистите улица по улица, соочувајќи се со снајперисти и бомбаши-самоубијци. Коалициските сили предводени од САД проценуваат дека во градот има уште 350 милитанти и десетици илјади цивили.
Има извештаи дека ИДИЛ ги собира луѓето за да ги употреби како човечки штит. Властите се надеваат дека ќе ја вратат контролата врз Рамади до викендов.
