За 24 часа издадени нови 2.283 потврди за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-980, Авганистан–827 и Ирак-476...

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.283 странски државјани, од кои 969 се од машки пол, 477 се од женски, 827 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10 деца кои патува без родител, соопштува МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-980, Авганистан–827 и Ирак-476.
Досега издадени се потврди на вкупно 359.996 странски државјани, од кои, 197.430 се од машки пол, 59.924 се од женски, 84.614 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.028 деца кои патуваат без родител.
Најбројни се државјаните на Сирија-203.225 потоа Авганистан-88.575, Ирак-46.755, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
