Ќе се избира генерален секретар на ДИК
Утре ќе биде објавена одлуката за објавување јавен повик за избор на Генерален секретар кој ќе раководи со ИТ секторот на изборната комисија во чија надлежност ќе биде водењето на избирачкиот список...

Државната изборна комисија го усвои правилникот за утврдување на начинот и постапката за избор на Генерален секретар на комисијата. Утре ќе биде објавена одлуката за објавување јавен повик за избор на Генерален секретар кој ќе раководи со ИТ секторот на изборната комисија во чија надлежност ќе биде водењето на избирачкиот список.
Како што е познато, претседател на ДИК е Александар Чичаковски, а потпретседател Реџеп Прекопуца, и двајцата беа избрани од редовите на експертите. Членови на комисијата се Атанас Урумов, експерт, Силвана Бонева и Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ, Виолета Дума и Игор Милев од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедередин Ибраими од ДПА.
