Средба на вицепремиерот Бесими и министерот Спасовски

23.12.2015 11:37

Вицепремиерот Бесими оцени дека согласно последниот извештај на Европската комисија, важно е на вакви состаноци да се разговара поконкретно во однос на препораките за идните реформски приоритети...

Во Министерството за внатрешни, средба на вицепремиерот за евроинтеграции Бесими и министерот Спасовски. Разговарано за спроведувањето на реформите по препораките од Брисел.

Вицепремиерот Бесими оцени дека согласно последниот извештај на Европската комисија, важно е на вакви состаноци да се разговара поконкретно во однос на препораките за идните реформски приоритети, но и за она што е направено во изминатиотг период во МВР.

Како што изјави Спасовски, во МВР се најзаинтересирани за делот што се однесува на следење на комуникациите.

„Следењето на комуникациите да биде уредено по најдобрата европска пракса, со носење нов закон за следење комуникации, во кој ќе се дадат механизми за контрола и навистина ќе имаме систем кој ќе може нормално да функционира за потребите на РМ, а притоа да не биде злоупотребен“, рече Спасовски.

Тој најави дека ќе се разговара и за формирање посебен оперативно-технички центар за организираниот криминал.