Експлозијата на аеродромот во Истанбул- можен терористички напад
23.12.2015 11:49
Едно од двете лица кои беа ранети им подлегна на повредите.

Турската полиција ја истражува како можен терористички напад експлозијата на аеродромот Сабиха Гокчен.
Едно од двете лица кои беа ранети им подлегна на повредите. Станува збор за 30-годишна жена која чистела паркиран авион.
Авиосообраќајот не е загрозен, но полицијата ги зголеми мерките за безбедност на влезот во аеродромот.
