Акција „Геодет“: Притвор за две лица, за 17-мина осомничени превентивни мерки

23.12.2015 12:01

Во вчерашната акција на Финансиската полиција беа уапсени 19 актуелни и поранешни вработени во Катастарот, сопственик на приватна геодетска фирма од Скопје, и други лица...

Две лица осомничени за примање поткуп, а приведени во вчерашната акција „Геодет“ од судија на предходна постапка заработија притвор. 17-мина осомничени за злоупотреба на службената положба, за поткуп и за поднесување лажни документи, добија куќен притвор и им се одземени патните исправи.

Во вчерашната акција на Финансиската полиција беа уапсени 19 актуелни и поранешни вработени во Катастарот, сопственик на приватна геодетска фирма од Скопје, и други лица, кои на незаконски начин се стекнале со недвижен имот.