Најмалку 200 цивили загинале во руските воздушни напади во Сирија

23.12.2015 12:12

Наодот укажува на сериозни пропусти на Москва во однос на почитувањето на хуманитарното право...

Во руските воздушни напади во Сирија загинале најмалку 200 цивили, објави Амнести Интернешнал. Организацијата истражила 25 бомбардирања во пет области меѓу 30 септември и 29 ноември.

Според нивниот извештај, наодот укажува на сериозни пропусти на Москва во однос на почитувањето на хуманитарното право.

Москва негира дека предизвикала цивилни жртви и овие тврдења ги карактеризира како дел од „информациската војна“.