Распишана меѓународна потерница за Ходорковски

23.12.2015 12:19

Осуден за случај на затајување данок, помина 10 години во затвор. Неговите поддржувачи тврдат дека обвиненијата се измислени за да го замолчат...

Руски суд распиша меѓународна потерница по поранешниот нафтен магнат и бизнисмен Михаил Ходорковски. Познатиот критичар на Кремљ на почетокот на месецов е обвинет за организирање на убиство и два обиди за убиства.

Осуден за случај на затајување данок, помина 10 години во затвор. Неговите поддржувачи тврдат дека обвиненијата се измислени за да го замолчат.

Ходорковски беше помилуван од рускиот претседател Путин во 2013, по што ја напушти земјата.