Награди за најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје

23.12.2015 13:07

Традиционално прогласени најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје. Од градоначалникот Трајановски, добија по 10 илјади денари.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска свечено им ги додели наградите на најдобиот полицаец, пожарникар и крводарител на територија на град Скопје за 2015 година. За најдобар пожарникар е прогласен Бранислав Трајчевски, пожарникар-спасител возач на специјално возило во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, најдобар полициски службеник за 2015 година е Гоце Николовски, а за најдобар крводарител е прогласен Томче Симјановски.

Град Скопје и годинава ја доделува наградата за најдобар полицаец, пожарникар и крводарител на територија на град Скопје за тековната 2015 година. Наградата е парична и изнесува 10 000 денари,  a ги наградуваме најхрабрите и најхуманите со цел да ги поттикнеме граѓаните на Скопје и тие да ја покажат својата хуманост и храброст.  Сакам да им честитам на постигнатиот успех и да им порачам и со своите постапки и натаму да бидат добар пример и мотивација за своите колеги и сограѓани, истакна градоначалникот Трајановски.