Обвинителството потврди: Прислушувани разговори пронајдени во „Фабриката за афери“
Пронајдените телефонски разговори ќе бидат вештачени во обемна истрага која ќе се спроведува во наредните 2 месеца...

Десетици илјади незаконски прислушувани разговори се пронајдени во компјутерите на осомничените во таканаречената „Фабриката за афери“ потврди Јавното обвинителство. Пронајдените телефонски разговори ќе бидат вештачени во обемна истрага која ќе се спроведува во наредните 2 месеца.
„При извршени претреси на станови на осомниченото лице З.Б. и други лица, пронајдени се голем број на обрасци за патни исправи, возачки дозволи и други документи за подготовка на невистинита документација. Исто така, пронајдени се машини и опрема, и тоа преси, секачи и компјутерска опрема за изготвување на фалсификувана документација. Првичните сознанија на обвинителството покажуваат дека постои основано сомнение дека порано споменатите патни исправи, лични карти, машини и опрема, соодвествуваат со оние пронајдени при претресот“, соопшти заменик- јавниот обвинител, Јован Цветановски.
