Ракомет – ЕП Данска 2014

Четири кандидати за полуфинале

21.01.2014 10:05

Со елиминацијата на сребрената репрезентација од минатиот шампионат Србија уште во првата фаза, втората група сепак не ја загуби привлечноста затоа што четири селекции се во игра за пласман во полуфиналето на Европското ракометно првенство во Данска. Со максимален ефект Франција уште денеска може да и се приклучи на Данска во големата четворка и тоа со победа против веќе отпишаната Белорусија. Селекторот на „триколорите“, Клод Онеста најави дека не ги потценува Белорусите иако се без бодови, но дека поголема минутажа ќе им даде на ракометарите што досега играа помалку.

Со елиминацијата на сребрената репрезентација од минатиот шампионат Србија уште во првата фаза, втората група сепак не ја загуби привлечноста затоа што четири селекции се во игра за пласман во полуфиналето на Европското ракометно првенство во Данска. Со максимален ефект Франција уште денеска може да и се приклучи на Данска во големата четворка и тоа со победа против веќе отпишаната Белорусија. Селекторот на „триколорите“, Клод Онеста најави дека не ги потценува Белорусите иако се без бодови, но дека поголема минутажа ќе им даде на ракометарите што досега играа помалку. Меѓу нив е голманот Тјери Омејер кој дека по повредата влегува во ритам потврди во второто полувреме против Хрватска.

Слична е задачата и на хрватските ракометари. Против себе имаат противник што нема шанса за полуфинале, но немаат право на опуштање против незгодната Русија којашто ја исфрли Србија, затоа што само триумф ги остава во игра за медал.

Победата е императив и за двете селекции во дербито на М2 групата бидејќи со реми Шведска и Полска би одиграле за Хрватска. Евентуалниот славеник би бил поблиску до полуфиналето затоа што во последното коло обете репрезентации ќе имаат тешки дуели,  Швеѓаните против Франција, а Полјаците ќе играат со Хрватска. 

Група М2

(денеска)

Русија – Хрватска                 15.45

Франција – Белорусија         18.00

Полска – Шведска                20.15

Табела:

1. Франција    6

2. Хрватска    4

3. Шведска     4

4. Полска        4

5. Русија         0

6. Белорусија 0

(четврток - последно коло)

Русија - Белорусија               15.45

Франција - Шведска             18.00

Полска - Хрватска                20.15