Шпекулации за можен мандатар на новата влада во Хрватска

23.12.2015 15:18

Последно се спомнува името Дамир Вангелиќ, инвестициски директор на Адрис групата...

Хрватските политичари молчат, но медиумите шпекулираат за тоа кој ќе биде мандатар на новата влада. Последно се спомнува името Дамир Вангелиќ, инвестициски директор на Адрис групата.

За него се зборува дека не е член на некоја политичка партија, туку независен експерт. Претходно како можен мандатар беше посочуван лидерот на Мост, Божо Петров.

Денеска коалицијата Хрватска расте и Мост имаат последна шанса да се договорат, во спротивно ќе бидат распишани нови избори.