Тихомир Орешковиќ- мандатар на новата хрватска влада

23.12.2015 16:53

Оваа одлука се очекува да ја верифицира хрватската претседателка, Колинда Грбар Китаровиќ, официјално откако овие две партии собраа 78 мандати.

Тихомир Орешковиќ е мандаторот за состав на новата хрватска влада. За ова на крајот по  макотрпните постизборни преговори се договорија релативниот победник на изборите,  Таковинската коалиција, што ја предводи лидерот на опозициската Хрватската Демократска партија, Томислав Карамарко, и од партијата Мост на лидерот Божо Петров, без чиишто освени 17 мадати не можеше да се формира влада во Хрватска.

Оваа одлука се очекува да ја верифицира хрватската претседателка, Колинда Грбар Китаровиќ, официјално откако овие две партии собраа 78 мандати.

Орешковиќ е непартиска личност и досега ја извршуваше функцијата финансиски директор на компанијата „Тев“ за Европа.