Попоски ќе реферира за прашања од надворешната политика
Министерот Попоски денска ќе има излагање пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика за актуелните прашања од областа на надворешната политика.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денска ќе има излагање пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика за актуелните прашања од областа на надворешната политика.
На дневен ред на оваа Комисија, се и ратификациите на Договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Социјалистичка Република Виетнам и на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за соработка во областа на образованието и науката.
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат и Комисијата за образование, наука и спорт, Националниот совет за евроинтеграции и Законодавно-правната комисија.
