Магла на повеќе патни правци

24.12.2015 08:31

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација...

Поради густа магла е намалена видливоста од 30 до 50 метри, на неколку патни правци во државава. Внимателно возење се препорачува на патиштата Тетово- Скопје, Велес- Градско, Неготино- Демир Капија и Сарамзалино- Штип.

Да се внимава на делниците низ клисурите и засеците, сугерираат од Авто- мото сојузот.

Авиосообраќајот се одвива тековно. Досега сите планирани полетувања и слетувања се реализирани, освен летовите за Истанбул.

Воздухот е загаден низ повеќе градови во државава. Во Тетово, Скопје и во Битола, мерните станици регистрираат зголемување на штетните честички неколку пати над дозволеното.

Граѓаните да ги редуцираат движењата надвор, препоралуваат докторите.