Почна да функционира земјоделскиот гарантен фонд
Почна да функционира гарантниот фонд за земјоделски кредити. Како гаранција земјоделците за првата половина од кредитот можат да понудат хипотека, а за другиот дел ќе гарантира фондот...

Решен е проблемот на земјоделците за користење на домашните или европските пари. Почна да функционира гарантниот фонд кој се користи по принципот 50-50.
Преку него се обезбедува гаранција на 50 отсто од главницата на кредитот, а фармерот треба да ги обезбеди другите 50 проценти од бараната хипотека од страна на банката.
Ова обезбедување важи за сите земјоделски кредити. Гарантниот фонд е во висина од 20 милиони долари, а во нардните 10 години ќе се реализира преку три комерцијални банки.
Поради ниска проценка на земјоделските имоти оваа категорија граѓани тешко доаѓаат до банкарските услуги за инвестиции во нивниот бизнис.
Методија Трајков
