Божиќ - најомилениот празник на Американците
Божиќ е најомилениот празник на Американците. Време на најмногу работа за транспортните компании, продавачите и угостителите. Милиони луѓе патуваат дома за празниците за да ги поминат со најблиските.

Божиќни елки го означуваат најмагичното време од годината во Америка. Божиќ е време за семејството, дарувањето и посветување внимание на најблиските и на помалку богатите. Време кога децата го посетуваат Дедо Мраз за да му ги соопштат своите желби.
„Сакам авион! Голем авион!“
„Им посакувам да им се остварат сите соништа. Нека има среќа и радост за празниците! Среќен Божиќ на сите! Среќен Божиќ!“
Најмногу Американци патуваат дома за празниците за да го поминат Божиќ со семејството.
„За Божиќ ќе бидам со семејството.“
Повозрасните го користат Божиќ за најголемиот шопинг во годината. Секој сака да купи подарок за најблиските.
„Продавам мои слики и оваа година бизнисот е навистина добар.“
„Доаѓам по трет пат и ми се допаѓа божиќниот пазар. Сакам занаетчиски изработки што се направени овде или во други држави.“
„Продавам многу огрлици, обетки и нараквици. Кој е најомилениот подарок за Божиќ? Не знам, овде има избор од преку 600 рачно изработени парчиња накит.“
„Мојата работа е инспирирана од соѕвездијата. Сите привезоци се уникатни и не се повторуваат и секогаш тие најмногу се продаваат.“
Покрај рестораните и хотелите, за Божиќ можете да купите пијалаци и храна и на божиќните пазари.
„Ајфеловата кула е за украс. Ние продаваме многу француски пецива.“
Божиќ е семеен празник во Америка. Многу Американци го поминуваат во местата на раѓање, но некои одлучуваат да посетат други места како туристи. Илјадници од нив, ќе го поминат Божиќ во главниот американски град.
„Првпат сум овде. Изгледа многу привлечно и сакам да го видам местово.“
„Изутринава пристигнав од Колорадо. Пазаров е многу убав, времето е супер и навистина има празнична атмосфера.“
Во просек секој Американец троши по 500 долари на подароци за најблиските. Божиќ е најдобриот начин за завршување на годината.
Дел од жителите на главниот американски град ги купуваат подароците за Божиќ за најблиските на овој божиќен пазар.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
