Виена: Тинејџери уапсени поради сомнение за тероризам
24.12.2015 10:57
Сигнал за нивно апсење бил испратен од Германија, кадешто властите го обвинуваат нивниот трет најстар брат за членство во Исламска држава...

Двајца сириски браќа- тинејџери биле уапсени во бегалски камп во Австрија под сомнение дека се поврзани со терористичката организација Исламска држава.
Уапсените на возраст од 16, односно 18 години се во притвор. Сигнал за нивно апсење бил испратен од Германија, кадешто властите го обвинуваат нивниот трет најстар брат за членство во Исламска држава.
Едниот од уапсените е осомничен дека бил во редовите на ИД во Сирија, а другиот дека е член на Ахрах Ал Шам, радикална групација, која дејствува претежно во северна Сирија.
