Божикна честитка на бискупот скопски Киро Стојанов
Ви го честитам Божик со една единствена желба и молба, а тоа е: отворете ја вратата на вашите срца и ќе видите дека светото семејство стои пред вашите врати и моли влез.

Овие денови да се отвориме кон немолосрдието и да пружиме рака на оној кој е сиромашен и гладен – стои во Божикната порака на бискупот скопски и апостолски егзарх на Македонија, Киро Стојановски. Да избришат созла на оној кој е жалостен, да го посетат оној кој е болен без разлика на вера и нација, затоа што бог не прави разлика меѓу луѓето, за него вистински сме сите браќа и сестри.
Ви го честитам Божик со една единствена желба и молба, а тоа е: отворете ја вратата на вашите срца и ќе видите дека светото семејство стои пред вашите врати и моли влез. Примете го и донесете му среќа и радост, а со тоа ќе почувствувате дека е вистина што некој рекол: „Да не бидеш сакан е тешко, а да не сакаш е трагедија“. Ви посакувам Божик со настаните на љубовта, милосрдието и добрината да влезе во вашите срца, во вашите семејства, во вашите домови и ви го донесе својот непроценлив мир. Христос се роди!, стои во божикната честитка на бискупот Стојанов.
