ОН: Усвоена спогодба за влада на национално единство во Либија

24.12.2015 11:09

Резолуцијата едногласно ја усвоија 15-те членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Советот за безбедност на Обединетите нации усвои спогодба за формирање влада на национално единство во Либија, која ја постигнаа спротивставените парламенти на земјата минатата недела.

Резолуцијата едногласно ја усвоија 15-те членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Претходно спротивставените страни во судирот во Либија, вклучувајќи го и раководството на Претставничката палата и Националниот конгрес, како и членови на други политички партии и на цивилното општество, потпишаа спогодба за мирно решавање на кризата и за формирање на влада на национално единство.