25 жртви во пожар во болница во Саудиска Арабија
24.12.2015 11:12
Пожарот избил околу 2 часот по полноќ на првиот кат, каде што се ноѓале породилното и одделението за интензивна нега.

Најмалку 25 лица загинаа, а 107 се повредени во пожар што рано изутрината изби во една болница во јужните делови на Саудиска Арабија.
Пожарот избил околу 2 часот по полноќ на првиот кат, каде што се ноѓале породилното и одделението за интензивна нега.
Причините за пожарот се непознати и во тек е истрага за инцидентот.
