За 24 часа издадени нови 2.591 потврди за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1142, Авганистан–857 и Ирак-592.

Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.591 странски државјани, од кои 1.128 се од машки пол, 540 се од женски, 910 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13 деца кои патува без родител, соопшти МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1142, Авганистан–857 и Ирак-592.
Досега издадени се потврди на вкупно 362.587 странски државјани, од кои, 198.558 се од машки пол, 60.464 се од женски, 85.524 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.041 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-204.367 потоа Авганистан-89.432, Ирак-47.347, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
