Кина: Жолто предупредување- внимавајте за Божик!

24.12.2015 12:18

Американската, британската, фрнцуската и други амбасади соопштија дека добиле информации за можни закани и ги предупредиле своите граѓани да внимаваат.

Пекинг ги засили безбедносните мерки во комерцијалните делови со барови и продавници популарни за странци, а повеќе амбасади издадоа предупредување за луѓето од запад да внимаваат поради можни терористички напади.

Американската, британската, фрнцуската и други амбасади соопштија дека добиле информации за можни закани и ги предупредиле своите граѓани да внимаваат.

Властите на Кина го подигнаа нивото на безбедносна тревога на „жолта фаза“.