Засилени контроли во специјализираните продавници за храна
Контролите се спроведуваат на целата територија на државата и со нив ќе бидат опфатени и туристичките места Маврово, Попова Шапка, Охрид, Струга, Берово и Дојран.

Во пресрет на новогодишните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), покрај редовните, почнаа со спроведување вонредни, засилени контроли на специјализираните продавници за храна од животинско потекло, месарници, рибарници,... и во угостителски објекти, хотели, ресторани.
Контролите се спроведуваат на целата територија на државата и со нив ќе бидат опфатени и туристичките места Маврово, Попова Шапка, Охрид, Струга, Берово и Дојран.
Како што соопшти АХВ, целта на контролите е елиминирање на можнста на пазарот да се пласира небезбедна храна, спречување евентуални труења и инфекции и заштита на здравјето на граѓаните и правата на потрошувачите.
Ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната да ја пријават на бесплатната телефонска линија за потрошувачите на Агенцијата за храна и ветеринарство 0800 32222, но и лично или на електронската пошта [email protected]информира АХВ.
