„Македонска пошта“ најавува подобар квалитет и воведување нови услуги
24.12.2015 13:04
Во текот на годината „Македонска пошта“ има реализирано вкупно 72 милиони услуги...

Подобрување на услугите и воведување нови услуги во делот на интернет продажбата, на агендата на Македонска пошта во 2016- тата. Годинава ја завршува со добивка од 60 милиони денари.
Директорот на компанијата Фаадис Реџепи, на денешната презентација на резултатите постигнати во годината што изминува, изјави дека се започнати преговори со меѓународна компанија од интернет продажбата и оти се надева дека таа ќе ги прошири своите услуги и во Македонија.
Во текот на годината „Македонска пошта“ има реализирано вкупно 72 милиони услуги од кои 62 проценти се поштенските услуги, 22 проценти финансиските услуги и 15 проценти во делот на хибридната пошта.
