Расте невработеноста во светот

21.01.2014 10:15

200 милиони невработени

Минатата година над 200 милиони луѓе не успеале да најдат работа, се вели во анализата на Меѓународната организација на трудот со седиште во Женева.

Според статистиката бројот на невработени расте поради непропорционалноста која постои меѓу растот на работната сила и можностите за вработување.

Најголем број невработени има во источна и јужна Азија. Според агенцијата бројот на невработени ќе се зголеми и оваа година.