„Југохром“ ќе ги исклучи печките поради загадувањето

24.12.2015 13:48

Прекинувањето на производството ќе трае во период кога метеоролошките услови најмногу влијаат за загадувањето на воздухот...

Комбинатот „Југохром“ од тетовско Јегуновце става клуч на врата. Менаџментот на компанија донесе одлука капацитетот да престане со работа од нова година до крајот на февруари поради загадувањето.

Од менаџментот велат дека иако не се единствениот и најголем загадувач во регионот, доброволно донеле одлука да ги изгаснат двете печки кои сега се во функција.

Од компанијата информираат дека ќе продолжат со сите планирани активности за имплементација на еколошките стандарди, согласно законските прописи.

Уверуваат дека  инсталирањето на системот за отпрашување ќе биде завршено во планираниот рок.