Прогласени најдобрите трговски објекти за 2015 година во Скопје

24.12.2015 14:05

По деветти пат се реализира оваа манифестација со цел да го поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да укаже на потребата од следење на современите текови...

Град Скопје денеска ги прогласи најдобрите трговски објекти за годинава во рамки на манифестацијата „Месец на трговија“ што Градот ја реализира во соработка со Агенцијата „Swat Research“.

Во категоријата бутици наградени се „Пјер Карден“, „Гант“ и „Lapin house, во категоријата супермаркети „Тинекс“, „Рептил Маркет“ и „Гранап“, а во категоријата салони за мебел „Леснина Ми“, „Стиллес“ и „Мебломак“. Наградени се и „L Occitane“, „Ри-Ма“ и „Dm дрогерија“ во категоријата парфимерии и козметика, а „Сигма“, „Тесоро“ и „Сваровски“ во категоријата модни доадтоци и накит. Најдобри во категоријата компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема се „Сони Галерија“, „Неоком“ и „Телеком продавница“, а во категоријата спарати за домаќинство и се за дома се „Агротехна“, „Горење“ и „Нептун“.

Наградените добија плакети кои им ги врачи раководитеделот на Секторот за локален економски развој, Слободан Ќосев, кој истакна дека по деветти пат се реализира оваа манифестација  со цел да го поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки.