Повисоки плати за над 500 здравствени работници
Медициснки сестри, рентген техничари, физотерапевти, лаборанти. Во три фази, почнувајќи од февраури, ќе го добијат покачувањето на платите.

Повисоки плати за над 500 здравствени работници со вишо и високо образование. Во 2016 ќе инкасираат за речиси 37 насто повисоки плати. Медициснки сестри, рентген техничари, физотерапевти, лаборанти. Во три фази, почнувајќи од февраури, ќе го добијат покачувањето на платите.
„Договорот стапува во сила со февруарската плата која ќе биде реализирана со корекција на коефициентот. Вкупниот процент на корекцијата на платата е 36,9 отсто“, истакна претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски.
Министерот за здравство, Никола Тодоров, нагласи дека ова бил горлив проблем на оваа категорија здравствени работници за кој тие укажувале, имајќи предвид дека вложиле труд, енергија, и финансиски средства за својата образовна надградба, и следствено на тоа очекуваат соодветно вреднување на вложениот труд.
