Утре ќе бидат објавени прашањата за екстерно тестирање

24.12.2015 15:33

Во следните две недели, поточно до 8-ми јануари, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања. Прашањата за кои ќе има валидни и конструктивни коментари ќе бидат соодветно корегирани.

Државниот испитен центар информира дека на 25- ти декември ќе бидат објавени прашањата за екстерното тестирање за учениците од завршните години на средното образование. Објавениот базен со прашања ќе содржи повеќе од 85.000 прашања. Базата е освежена со 20% нови прашања.

Во следните две недели, поточно до 8-ми јануари, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања. Прашањата за кои ќе има валидни и конструктивни коментари ќе бидат соодветно корегирани.

Испитниот центар ги повикува учениците, професорите, родителите, да се вклучат во проверка на прашањата со цел прочистување на базата и зголемување на квалитетот на прашањата.