Гугл создаде „паметни“ контактни леќи за дијабетичари
21.01.2014 10:29
Американскиот технолошки гигант, Гугл, работи на нов научен проект. Компанијата соопшти дека развива контактни леќи со кои може да се мери количеството на гликоза во солзите и кои би требало да им помогнат на дијабетичарите во континуираната контрола на нивото на шеќерот, што сега се прави со вадење крв од прстот.
Леќите на дијабетичарите ќе им овозможат помали инфанзивни методи за следење на нивото на шеќерот, а производот ќе им биде достапен на потрошувачите за пет години.

Леќите со помош на минијатурен сензор и безжичен пренос овозможуваат континуирано следње на нивото на шеќерот, што овозможува постојано прилагодување на дозата на инсулинот.