Критики кон Орешковиќ поради проблеми со мајчиниот јазик

24.12.2015 16:56

Пред празниците, Хрватска добива нова влада. Мандатар е Томислав Орешковиќ, кој најголем дел од својот живот го поминал во Канада. Тој во своето воведно обраќање имаше проблем со мајчиниот јазик што наиде на критика во јавноста...

По двомесечните неизвесни постизборни преговори во Хрватска, сепак претседателката на оваа држава и по петтиот круг на консултации со политичките партии му го довери мандатот на Томислав Орешковиќ, бидејќи како што рече, тој ја уверил дека има подршка на 78 пратеници во Саборот.  

„Ќе го вложам целото знаење и труд да формираме квалитетна влада. Го  повикувам парламнетраното мнозинство и опозицијата да ни се приклучат, немам сто дена, а тоа и не го барам“, рече Орешковиќ.  

Претходно лидерите на ХДЗ и на Мост, Томислав Карамарко и Божо Петров, потврдија дека го составиле парламнетраното мнозинство од 78 потпис и дека овој настан престваува значителен напредок на хрватската политичка сцена.  

„И двјацата претседатели на партиите се договорија ниту еден од нив дека нема да биде мандатар и дека новиот премиер ќе биде непратиска личност“, рече првиот човек на ХДЗ, Томислам Карамарко.

„Ова не е коалиција, туку договор и затоа членовите на новата влада уште не се дефинирани. Ќе ги одреди експертскиот тим на Орешковиќ“, вели Божо Петров, лидер на Мост.  

Новиот Хрватски мандатар поголемиот дел од животот го поминал во Канада и бил финансиски директор на кандската фармацевтска корпорација „Тева“, која е сопственик на „Плива“. Орешковиќ од 2009- та година ја извршувал функцијата финсиски директор за Источна Европа, а потоа е именуван за главен финасиски директор за медитранот, Израел и Африка.

Првата реакција на сега веќе лидерот на опозицискиот СДП, Зоран Милановиќ е дека земјата се нашла во состојба која досега не била воопшто забележана, бидејќи сериозно е нарушена довербата на граѓаните и политчкиот систем на земјата.  

Најмногу реагираа и корисниците на социјалните мрежи изразувајќи го шокот поради  тоа што манадатрот својата прва изјава ја дал на неразбирлив хрватски јазик, преорачувајќи му ако не оди на курс, ниту тие ќе го разберат, ниту пак тој нив.

 

Мирјана Василева