Субвенционирање камати за земјоделски кредити
25.12.2015 10:34
Од 2016-та година ќе можат да се користат субвенциите за земјоделските камати за проектите поддржани од ИПАРД. Половина од каматата ќе ја плаќа државата...

Од почетокот на идната година сите земјоделци на кои ќе им бидат одобрени инвестиции со средствата од европските ИПАРД фондови, ќе можат да побараат субвенционирање на банкарските камати.
Државата ќе субвенционира половина од каматната стапка која не може да биде поголема од осум проценти и за кредити не поголеми од 500.000 илјади евра.
Субвенционирање на каматните стапки има за цел поголемо искористување на парите од европската ИПАРД програма и ќе важи за кредити за земјоделствота земени од сите деловни банки.
Методија Трајков
