Католиците и дел од правoславните слават Божик

25.12.2015 10:41

Централната прослава, Божикната полноќна литургија се одржа во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“, на која присуствуваа претседателот Иванов, претседателот на Собранието, Вељаноски и претседателот на владата Груевски со сопругите, како и директорката на Комисијата за односи со верските заедници, Божиновска...

Верниците од Католичка вероисповед, како и дел од христијанските, кои се водат според Грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат раѓањето христово Божик.

Традиционално, централната прослава, Божикната полноќна литургија се одржа во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“, на која присуствуваа претседателот Иванов, претседателот на Собранието, Вељаноски и претседателот на владата Груевски со сопругите, како и директорката на Комисијата за односи со верските заедници,  Божиновска.

Божјата скромност е силна порака на денешниот раскошен и заробен човек, и затоа да се отвориме кон милосрдието и да им подадеме рака на сиромашните и гладните, порача скопскиот бискуп и апостолски егзарх во земјава, Киро Стојанов.