Иванов ќе го одликува МНТ со Орден за заслуги за Македонија
25.12.2015 10:51
Признанието на оваа културна институција се доделува по повод 70 години од неговото основање, а особено за успешното презентирање, промовирање и негување на македонското и на светското театарско творештво...

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе му го додели признанието „Орден за заслуги за Македонија“ на Македонскиот народен театар.
Признанието на оваа културна институција се доделува по повод 70 години од неговото основање, а особено за успешното презентирање, промовирање и негување на македонското и на светското театарско творештво, со што даде исклучителен придонес за збогатувањето на македонската култура и за афирмацијата на Македонија во светот, се наведува во објаснувањето за наградата.
