Засилени контроли во месарниците и угостителските објекти
Агенцијата за храна и ветеринарство најавува повеќе инспекции, со цел да се елиминира можноста, на пазарот да се пласира небезбедна храна, да се спречат евентуални труења и инфекции, да се заштитат здравјето на граѓаните и правата на потрошувачите.

Засилени контроли во месарниците и во угостителските објекти во пресрет на новогодишните празници.
Агенцијата за храна и ветеринарство најавува повеќе инспекции, со цел да се елиминира можноста, на пазарот да се пласира небезбедна храна, да се спречат евентуални труења и инфекции, да се заштитат здравјето на граѓаните и правата на потрошувачите.
Контролите ќе се спроведуваат на целата територија на државата. Ќе бидат опфатени и туристичките места.
Агенцијата ги охрабрува и потрошувачите секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната да ја пријават на бесплатната телефонска линија или на електронската пошта.
