За 24 часа издадени 3.415 потврди за азил

25.12.2015 11:06

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.624, Ирак 1.049 и Авганистан 742...

Во текот на вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 3.415 странски државјани, од кои 1.306 се од машки пол, 718 се од женски, 1.379 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 12 деца кои патува без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.624, Ирак 1.049 и Авганистан 742.

Досега издадени се потврди на вкупно 366.002 странски државјани, од кои 199.864 се од машки пол, 61.182 се од женски, 86.903 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.053 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 205.991, потоа Авганистан 90.174, Ирак 48.396, Иран 6.231, Пакистан 5.416, од Палестина 2.158, Сомалија 1.276, Бангладеш 1.253, Мароко 1.317, Конго 514,  Алжир 453,Либан 434,  Нигерија 279, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.