Папата Франциско за Божик повика на правичност и трезвеност

25.12.2015 11:19

Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциско за време на вчерашната Бадникова миса во црквата Свети Петар го повика народот на трезвенсот.

Католиците од целиот свет кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават големиот верски празник Христовото раѓање - Божик.

Поглаварот на  Римокатоличката црква Папата Франциско за време на вчерашната Бадникова миса во црквата Свети Петар го повика народот на трезвенсот.

Во светот кој е понекогаш премногу груб кон грешниците, а мек кон гревот, неопходно е да се негува чувството за праведност, рече во говорот Папата Франциско пред верниците во Ватикан.

Иладници верници од целиот свет вчера присуствуваа на одбележувањето  на бадниковата вечер во Витлеем. Латинскиот патријарх Фуад Твал ја предводеше процесијата.

Оваа година Божик минува во сенка на терористичките напади на џихадистите од Исламска држава. Денеска Папата Франциско традиционално ќе го објави своето божикно послание „Урби ет орби“.