Дадилката на обвинителна клупа, ќе ѝ се суди зад затворени врати

25.12.2015 11:22

Пред почетокот на расправата, судијата ја исклучи јавноста заради како што рече, заштита на обвинетета, нејзиното семејство, но најмногу заради заштита на жртвата.

Зад затворени врати ќе ѝ се суди на дадилката обвинета за малтретирање на девет месечно бебе. Освен неа, на рочиштето се присутни родителите на детето.

Пред почетокот на расправата, судијата ја исклучи јавноста заради како што рече, заштита на обвинетета, нејзиното семејство, но најмногу заради заштита на жртвата.

61- годишната дадилка, според обвинението, била ангажирана од скопско семејство да го чува нивното малолетно дете. Но, наместо нега, дадилката во повеќе наврати го малтретирала и грубо се однесувала кон детето.

 

Анита Димитријевска