СЈО ги очекува материјалите и бара активна соработка

25.12.2015 11:54

Oд Jавното обвинителство за гонење на кривични дела, поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, велат дека очекуваат – материјалите да им бидат предадени и сите субјекти да започнат активно да соработуваат со ова јавно обвинителство.

Откако во јавноста се постави прашањето кога СДСМ ќе ги предаде бараните материјалите кај обвинителката Катица Јанева, од Jавното обвинителство за гонење на кривични дела, поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, велат дека очекуваат – материјалите да им бидат предадени и сите  субјекти да започнат активно да соработуваат со ова јавно обвинителство.

Соработката со субјектите до кои се обраќаме, без оглед за кого станува збор е отежната и во оваа насока наш конкретен став за ваквата отежната соработка и мерките кои ќе бидат преземени од наша страна, ќе биде соопштен во средината на јануари, информираат во денешното соопштение од специјалното Јавно обвинителство.

Оттаму информираат дека е во тек постапката за добивање безбедносни сертификати за јавните обвинители, за работа со класифицирани информации со степен на класификација „државна тајна“.