Смогот ги приземји авионите во Пекинг
25.12.2015 12:09
Поради смогот во Пекинг е прогласен портокалов степен на загаденост, а властите предупредуваат граѓаните да минуваат минимално време на отворено.

Густата магла и загаденоста ги приземји авионите во Пекинг. Откажани се повеќе од 200 лета. Видливоста е намалена на 600 метри.
Поради смогот во Пекинг е прогласен портокалов степен на загаденост, а властите предупредуваат граѓаните да минуваат минимално време на отворено.
Загадувањето на воздухот се следи дури и во метрото, каде заради намелната видливост во тунелите возовите се принудени да ја намалат бризината на движење.
