За две недели откупени над 5.000 тони тутун

25.12.2015 12:26

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, исплатата е реализирана со 54,21 отсто, односно досега се исплатени 518 и пол милиони денари.

За две недели од почетокот на откупот, преземени се вкупно 5.168 тони тутун од годинашната реколта. Остварена е просечна цена од 185 денари по килограм или 65 денари повеќе од ланската за истиот период, соопшти Министрството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, исплатата е реализирана со 54,21 отсто, односно досега се исплатени 518 и пол милиони денари.

Откупот се врши на 152 откупни места од страна на девет компании, и се очекува да бидат откупени околу 25 илјади тони тутун.