Денес ќе бидат објавени прашањата за екстерно тестирање за матурантите
25.12.2015 11:30
Објавената база ќе содржи повеќе од 85.000 прашања и ќе има една петина нови содржини.

Државниот испитен центар на својата интернет страница денеска ќе ги објави прашањата за екстерно тестирање за учениците од завршните години на средното образование. Објавената база ќе содржи повеќе од 85.000 прашања и ќе има една петина нови содржини.
Во следните две недели, поточно до 8 јануари 2016 година, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања, а потоа доколку има конструктивни коментари ќе бидат направени и соодветни корекции во базата со прашања, велат од Државниот испитен центар.
