Ракомет

Дефинитивно во топ 10

21.01.2014 10:46

Веќе нема дилеми. Македонската ракометна репрезентација 11-тото европско првенство ќе го заврши меѓу најдобрите десет селекции. Задоволство од пласманот меѓу нашите репрезентативци, раководството и стручниот штаб, со оглед на сите околности што ја следеа нашата селекција во пресрет и во тек на првенството.

Пласманот е за почит, но останува впечатокот дека и покрај се можевме, барем за скалило повисоко. Ова особено по натпреварот со Исланд во кој македонските ракометари во најголемиот дел одиграа на посакуваното ниво, солидно на сите позиции, вклучително и крилните играчи кои заедно запишаа 12 погодоци.

Колку и дали можеше да се елиминираат падовите во играта по кои противниците ги враќавме на резултатски приклучок, останува отворено прашање, исто како и тоа, дали мораше да минат неколку натпревари за нашите ракометари да сфатат дека можат против секого и играта да го добие посакуваното ниво. Можеби тоа сознание е предуслов и утре да видиме солидно издание во последниот натпревар за нашата репрезентација на Европското првенство. Дуелот со актуелниот светски првак Шпанија е предизвик сам по себе, а сега и дефинитивно важи девизата дека нема што да се загуби. Не на терен, но со некои изјави по Исланд може да се загуби единството, достоинството и се она што треба да е главно обележје на еден национален состав. Сега не е ниту време, ниту место за елаборација, Македонија уште е дел од Европското првенство и е во очекување на утрешниот натпревар со Шпанија.