Мисајловски: Изградба на 24 регионални патишта и 7 автопати во 2016
На презентација на отчет за сработеното со над 200 реализирани или почнати проекти, потпроекти и услуги, Мисајловски оцени дека 2015 била најуспешната година на Министерството за транспорт и врски која ќе се памети по најголемите инвестиции во овој ресор.

Министерството за транспорт со отчет за сработеното во 2015- та година. Се работело на околу 400 километри патишта, почнала изградбата и реконструкцијата на 13 магистрални патишта во должина од 167 километри. За в година најавени нови проекти во инфраструктурата.
„Следната година активно ќе се работи на 24 регионални патишта и седум автопати со вкупна должина од околу 600 километри. Ова во Република Македонија досега се нема случено, истовремено да се работи на толку голема патна мрежа“, соопшти денеска министерот за трансппрт и врски Владо Мисајловски.
На презентација на отчет за сработеното со над 200 реализирани или почнати проекти, потпроекти и услуги, Мисајловски оцени дека 2015 била најуспешната година на Министерството за транспорт и врски која ќе се памети по најголемите инвестиции во овој ресор.
Ја посветивме 2015-та на реализација на големи проекти во патната и железничката инфраструктра, достигнавме рекордна бројка на превезени патници низ двата аеродорми, овозможивме нови авионски линии до европските метрополи, нови рокови за легализација на дивозиградените објекти, рече Мисајловски.
