Трајановски го посети Пунктот за бездомни лица во Момин Поток

25.12.2015 13:36

Вкупно 50 бездомни лица што ги користат услугите на овој Пункт, добија пакети од Град Скопје коишто содржат џемпер, шал, капа, ракавици и вреќа за спиење.

Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска го посети Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица, лоциран во Момин Поток и подели пакети со топла облека.

Град Скопје во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, континуирано го помага работењето на овој Центар со по 500.000 денари годишно, а оваа наша поддршка ќе продолжи и во иднина. Бездомниците во овој Центар, кој работи веќе пет години, добиваат хигиенски услуги, чисти алишта, берберски услуги, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог и топол оброк, рече Трајановски.

Вкупно 50 бездомни лица што ги користат услугите на овој Пункт, добија пакети од Град Скопје коишто содржат џемпер, шал, капа, ракавици и вреќа за спиење.

Пунктот за бездомници е отворен во понеделниците, кога бездомниците кога добиваат хигиенски услуги и секој петок, кога добиваат и чисти алишта, берберски услуги, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог, оброк и топол напиток. Транспортот на корисниците на услуги на пунктот го обезбедува Црвениот крст и тоа од неколку локации во градот и по добиените услуги, бездомниците повторно се враќаат на истата локација.